All deleted tweets from politicians

RT @Zoran_Zaev: Уште 3 дена до победа! На 15 јули секој од нас одлучува за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие 3 години. На 15 јули излези и гласај за број 3, за коалицијата #Можеме! https://t.co/JPE8zifnET

Сите сакаме да имаме иднина овде! За странство ќе ги оставиме нашите производи со кои ќе го градиме македонскиот бренд. Македонците ни требаат дома! 🇲🇰 За кратко време направивме многу успеси и од нив нема да се срамиме. Ама #можеме уште повеќе и уште подобро! https://t.co/1c3OQvNDIM

Денеска на пазар со велешани разговаравме за нашата иднина, за нашите планови, но и за одговорноста, за чесноста. Ме радува фактот што и велешани, и целиот Источен регион во мене, во СДСМ и во Коалицијата #Можеме гледаат домаќинска опција, која се грижи за граѓаните. https://t.co/WB00jEs5Bt

Не можеме да имаме иднина без двигателите на истата,новите генерации, децата. Мора да дадеме сè да им обезбедиме најдобри услови Долго време овие институции беа оставени на цедило, но со инвестирањето во 44 градинки отворивме нови 3000 места за дечиња. Тргнати сме на одличен пат

Се изборивме за слобода, за демократија и сигурна иднина и назад во изолација, мрак и молк враќање нема. Се бореме за европска иднина и ќе ја достигнеме. Ова не се празни зборови. Иднината ни припаѓа нам, градена со заемна почит, многу работа и заеднички државен интерес!

Министерката за правда, @RenataDeskoska: Разговараме да му дадеме иднина на СЈО. Предлагаме СЈО да се избира од Советот на јавни обвинители со 2/3 мнозинство. #2ГодиниОдговорно #Отворено https://t.co/UKBtgADlkp

Македонија и народот заслужуваат иднина, ВМРО-ДПМНЕ има план за подобра Македонија. https://t.co/Aro24fVbxO

RT @VladaMK: #МкГрДоговор е најдобрата шанса за обезбедување сигурна иднина на нашата земја. Со договорот се гарантира влез на #Македонија во #НАТО и почеток на преговори со #ЕУ. ➡️ vlada.mk/mkgrdogovor #ФактиЗаДоговорот #МКзаЕУ #МКзаНАТО https://t.co/o3cn2s8PHj

RT @Sekerinska: Македонско-грчкиот договор е најдобрата шанса за обезбедување сигурна иднина на нашата земја. Со договорот се гарантира влез на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Обезбедуваме подобар живот за сите граѓани. #ФактиЗаДоговорот https://t.co/C4aiFPf5M4

RT @Zoran_Zaev: Ако е Мицкоски за #НАТО и #ЕУ, и за просперитетна иднина на Република #Македонија, тој вечерва требаше да седи, рамо до рамо, со лидерите на политичките партии и да носи одлуки https://t.co/7iBuaEmOdo